Во контекст на тековните истраги за салмонела што се одвиваат во соработка со властите задолжени за безбедност на храната, Фереро ја прекинува работата во својата фабрика во Арлон, Белгија.
Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на Киндер Мини Микс Пелуш 133г, Киндер Српрајс Макси 100г и Киндер Шокобонс во Арлон.
Фереро признава дека имало внатрешни неправилности, што создало одложувања во навременото изнаоѓање и споделување на информации. Ова влијаело на брзината и ефективноста на истрагите.
Фабриката ќе биде повторно отворена само откако ќе се добие дозвола од надлежните институции. Само производите на Киндер произведени во Арлон, Белгија, подлежат на ова повлекување.
Фабриката во Арлон годишно произведува околу 7% од вкупните количини на Киндер производите на светско ниво. Ќе бидат имплементирани локални решенија за да им се помогне на потрошувачите при повлекувањето, најавуваат од Фереро.
Ова е единствената и правилна одлука што треба да се донесе за да се обезбеди максимално ниво на безбедност на храната и да се елиминира ризикот од понатамошна контаминација.
Длабоко жалиме за оваа непријатност. Сакаме искрено да им се извиниме на сите наши потрошувачи и деловни партнери и да им се заблагодариме на надлежните органи за безбедност на храната за нивните корисни упатства.
Безбедноста на храната, квалитетот и грижата за потрошувачите се основните вредности на Фереро уште од основањето на компанијата. Овој сериозен случај допира до сржта на она за што се залагаме и ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да ја зачуваме целосната доверба на нашите потрошувачи.
