Вести Македонија Топ вести

КОД: Правосудството пука по шавови во конфискацијата на Трансмет

Повеќе истраги и постапки поврзани со неуспешната конфискација на Трансмет се отворени по двете истражувања во емисијата КОД за овој случај. Се истражува кој е одговорен што конфискуваниот имот стекнат со кривично дело наместо на државата завршува во рацете на доверителите. Во вечерашниот КОД и за одлуката на Врховниот суд која „помогнала“ во извршувањето на долгови на Трансмет со државен имот. Обвинителството пак истражува дали има кривично дело во нотарскиот договор на Трансмет и Пуцко петрол за признаен долг од 1,6 милиони евра, а склучен после првостепената пресуда за конфискација.

Нотарот не навел дека проверил или побарал фактури, договори, патни налози и потврди за испорачано гориво од Пуцко петрол за Трансмет. Во нотарскиот документ заверен од Шеху на 5-ти ноември 2018-та (три месеци по пресудата за конфискација на Трансмет) не стои и дали е проверено дека долгот е важечки. По три години, долговите меѓу фирмите, правните лица застаруваат, и не може да се наведат во долгови. Тоа е обврска на сите тројца потписници на документот. Договор за долгот не бил направен претходно туку после завршување на судскиот процес. Сите тие сомнежи сега се на менито на обвинителството.

Нотарскиот договор за признаен долг без доволно докази за тоа, нуди изобилство од други докази за кривични дела со кои што е попречена конфискацијата на Трансмет. Направен е експресно, а првата рата од вкупно 5 предвидени требало да се плати два дена по потпишувањето на договорот.

Во тоа време, нотарската исправа не ни била извршна односно не била важечка затоа што како што покажува датумот на исправата, таа почнува да важи од 8-ми ноември 2018-та. А ден претходно требало да се плати прва рата иако договоот не бил извршен. И покрај овие игри со датуми, целиот предмет 5 дена подоцна е испратен на извршител без да се наведе кој конкретно имот на Трансмет треба да служи на наплата за овој голем непроверен долг. Ставена е општа формулација „од сите сметки во сите банки и од целокупниот движен и недвижен имот на Трансмет“ иако сите потписници веќе знаеле дека судот пресудил конфискација. Извршителот си продолжил со процедурата, а најинтерсно е што имотот, 15-те недвижности кои ги бара како наплата на долг за гориво, се исти од списокот на конфискувани имоти на Трансмет. Колку случајности во еден документ на 5 страници. Но, Пуцко Петрол не бил единствен кој играл на овој начин, уште неколку фирми кои за време на судењето на Сеад Кочан и Трансмет не пријавиле долг, се појавиле после првостепената пресуда и со нотарски изјави го завериле долгот на Трансмет кон нив.

Во КОД вечерва и за уште една судска пресуда, со која жителите на Лабуништа во непосредно соседство повторно добиваат каменоломи кои им го загрозуваа и мирот и здравјето.  

Миомир Серафиновиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе