Владата и ЕСМ успешно се справиле со енергетската криза, граѓаните не плаќале повисоки цени за струја и парно, сите капацитети производстви капацитети работеле максимално, а увозот на струја бил сведен на минимум.
Ова е заедничката оценка на министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски за изминатите пет месеци и по прогласувањето на кризна состојба со енергетиката и со топлинската енергија во Скопје.
За справување со кризата префрлени се 171 милион евра на ЕСМ. Најмногу пари – околу 72 милиони евра му се исплатени на ТЕ-ТО. Увезени се околу 127 гигавати од слободниот пазар за кои се платени 34 милиониу евра, а за МЕПСО се потрошени 12 милиони евра. За ТЕЦ Неготино која беше рестартирана по 12 години се потрошени 31 милион евра за набавка на мазут. Директорот на ЕСМ соопшти дека компанијата е ликвидна иако мораше да земе позајмици.
