Вести Економија Македонија Топ вести

По такси превозот, во Битола за 50 проценти поскапува и автобускиот превоз

Општинскиот  Советот донесе одлука за зголемување на цената на јавниот превоз во Битола за 50 проценти. Билетите низ градот ќе чинат 30 наместо досегашните 20 денари, а за соседните села се зголемуваат од 25 до 40 проценти. Поскапуваат и месечните билети, а двапати неделно бесплатно ќе се возат само  пензинерите. За граѓаните ова е уште едне удар врз нивниот џеб.

-Тешко многу, немаме за леб, вели граѓанка.

-Многу е, сега автобусот 60 го направиле од Бистрица до Битола., вели жителка на Бистрица. 

Од владеачкото мнозинство се правдаат дека превозниците кои што го спроведуваат и превозот на ученците, се заканија со протести

-Имавме закана дека ќе имаа протести и дека ќе ги пакрираат автобусите пред општина и нема да возат. Тоа значи не дека само граѓаните што ќе останат без превоз, туку и нивните деца нема да можат да одат во училиште, вели Габриела Иливска, претседател на Советот на Општина Битола. 

Не помина предлогот на советниците на СДСМ, Општината да го субвенционира поскапувањето

-Нашиот предлог е 10 денари субвенција за секој издаден билет, впрочем 10 денари е покачувањето кое го бараат превозниците, а би го намалиле и трошокот на граѓаните, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ. 

Пред два  месеца советниците изгласа поскапување и на такси превозот во Битола.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе