Годинава ќе биде потешка од лани, сметаат германските инвеститори во земјава. Но сепак се оптимисти дека со зголемување на инвестиците ќе ја пребродат и оваа криза. 50 проценти од анкетираните компании, претежно нето извозници, годинава се попесимисти на економски план во однос на лани, а 57 проценти се пооптимсти пак лично за нивните компании. 46 проценти се изјасниле дека ќе го зголемат бројот на вработени, а 8 проценти планираат намалување. Покрај долгогодишните проблеми- со владеењето на правото, корупцијата и недостатокот на работници, најголема пречка во работењето за годинава им се зголемените трошоци за енергенси и реперометаеријали, за што побараа и помош од државата. Компаниите се изјасниле дека годинава очекуваат зголемување на цената и трошоците за електрична енергија од 50 до 100 проценти.
Директоророт на Германската стопанска комора во земјава, Патрик Мартенс рече дека е среќен што голем број германски компании во земјава ги прошируваат инвестициите а ќе има и нови инвеститори кои ќе отворат голем број нови и доброплатени работни места.
Проблемите и плановите за годинава ги презентираа пред премиерот Ковачевски, кој пак уверува дека владата работи на подобрување на условите за инвестирање во земјава.
Германската амбасадорка Анке Холштајн посочи дека членството на земајва во Нато го зголемува интересот на компаниите да инвестираат во земјава. Бројките пак покажуваат дека минатата година двете земји оставриле рекордна трговска размена од 4,7 милијарди евра или 23,6% повеќе од 2020 година.
Александра Филиповска
