Вести Економија

Членот 12 од Законот за изградба на Коридор 8 и 10 ќе го проверува Уставниот суд

Членот 12 од Законот за изградба на Коридор 8 и 10 или познат како закон Бехтел и Енка ќе го проверува Уставниот суд.  Уставните судии се сомневаат дека овој член, во кој пишува дека работното време на работниците кои работат на изградбата на овие автопати  може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината, е неуставен и на штета на работниците.

Сметаме дека 60 часа редовно во текот на годината во секакви временски услови, што всушност и овој член укажува и дека работното време може да трае и подолго од 60 часа, може да доведе до повредување на работните права. Овој член очигледно ги повредува уставното начело за уставност на законите и меѓународните конвенции. Би можело да се доведе до сомнение со владеењето на правото и затоа барам поведување на постапка.

Уставните судии сметаат  дека во Законот за работни односи точно е разбработено што претставува прекувремена работа, а сите работнички права се опфатени во законот за работни односи и колективните договори. Искажаа и сомнеж дека на овие делници овој член ќе овозможи работниците да  работат од утро до мрак, а како што велат присилната работа кај нас не се дозволува, туку се санкционира.

Иницијатавата за уставноста на овој член ја поведоа Здружението „Гласен Текстилец“-Штип и Сојузот на синдикатите на Македонија.

По иницијатива на Гласен Текстилец за оценување на уставноста на Законот за изградба на коридорите 8 и 10 и 60 часовно работно време, поведена е постапка од страна на Уставен суд. Значи дека сега следно ќе предложи укинување или поништување на спорниот член 12 од Законот.

Овој закон беше изгласен во Собранието лани по скратена постапка. Со него се регулира изградбата на на  Коридорот 8 делницата Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, како и коридорот 10 делница на автопатот Прилеп – Битола. Претходно Владата потпиша меморандумот со комапнијата Бехтел и Енка, за кој власта уверуваше  дека овој модел  ќе даде најбрз и најоптимален резултат во изградбата на патната мрежа.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе