Вести Економија

„Опен Балкан“ дава резултати, на „Табановце“ камионите поминувваат во просек за 30 миниути

Во екот на најголемата светска криза, кога храната стана проблем поради количините кои доаѓаа од Русија и Украина, а проблем се и високите цени –  нашите граѓани нема за што да стравуваат. Иницијативата „Отворен Балкан“ дава резултати. Покрај побрз проток на стоки, услуги и капитал преку „зелените коридори“, ја зголеми и соработката меѓу Македонија, Србија и Албанија. Ова го изјавија претставниците на Стопанските комори на Македонија и Србија, кои со своите економски тимови беа на увид на состојбите на граничниот премин Табановце – Прешево.

Предноста на Отворен Балкан е како што гледате во овие кризни времиња е да сите три земји соработуваат меѓу себе кога е во прашање безбедноста на храната, снабдување со основни животни намирници. Видовме дека Србија донесе одредени одлуки кога е во прашање Северна Македонија и Албанија. Тоа се големи работи, да не размислуваме меѓусебно дали ќе имаме брашно, дали ќе имаме масло, дали ќе имаме шеќер, дали ќе имаме жито. Зошто секој од нас нешто има, и ако сме се согласиле едни на други да помагаме, тоа и да го правиме, како и што се гледа, вели Марко Чадеж, Стопанска комора на Србија. 

 

Во време на криза како актуелната, може да си олесниме преку намалување на трошоците за бизнис секторот, преку овозможување поголем проток на стоките и поминување на границите. Така се штеди време, а времето е пари. На тој начин ќе се продават и производите поевтино, ќе се постигне поголема конкурентност. Значи, се што ги олеснува условите за водење бизнис, рече Јовановски.

 

Камионите ги поминуваат полициските и царинските контроли во просек за 4 минути. Целиот пак процес на  проверка и пропуштање заедно со ветеринарните и фитосанитарните контроли, не трае повеќе од половина час. Дека им се крати времето на чекање по границите- потврдуваат и транспортерите.

Податоците покажуваат дека речиси и да нема сектори во кои немаме трговска размена со Србија. Границата ја поминуваат земјоделски производи, храна, лекови, градежни материјали. Лани границата ја поминале 22.000 камиони, или тука поминувале по 600 камиони дневно.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе