Македонската фудбалска репрезентација е на чекор до пласман на Светското првенство. По елиминацијата на Италија за настап на Мундијалот ни треба и триумф во утрешното соочување со Португалија.
“Ова за нас е еден од најважните натпревари во историјата. Можеби светот не веруваше дека вечерва ќе бидеме на оваа прес-конференција, но тоа апсолутно не е случајно. Оваа наша репрезентација има нешто кое можеби другите воопшто го немаат, се чувствувам горд што сум капитен на овој национален тим и може само да кажам дека сме максимално подготвени за ова големо финале. Пред седум-осум години Македонија беше далеку од ова европско друштво, во некоја изолирана ситуација, но еве сме сега тука на портите на Светското првенство во Катар. Што и да се случи утре, нема да застанеме тука но ова ќе ни биде голем поттик за сите идни чекори напред. Можеби немаме услови за работа, но талент се гледа дека имаме и дека тој ќе не води со уште поголем мотив понатака за нови успеси”, истакна капитенот на националниот тим Стефан Ристовски.
ФОТО: Игор Паневски
