Македонската фудбалска репрезентација утре од 20:45 во Порто против селекцијата на Португалија ќе го одигра финалето од баражот за пласман на Светското првенство.
“Никој во светот не очекуваше дека ќе се најдеме на овој дуел. Но, ние чекор по чекор го потврдивме сиот свој квалитет и заслужено сме повторно тука во финалето за СП 2022. Затоа фудбалерите имаат повторно само една порака од мене, да уживаат во моментот, да излезат на терен и уште еднаш да го покажат сиот свој потенцијал и срце. Сигурен сум дека не очекува сосема поразличен натпревар од оној против Италија. Најважно е да го реализираме тоа што ќе се договориме, да се почитува секој момент од подготовките, a потоа на терен ќе се види кој за што бил подготвен и дали ќе одлучи на крај колективот или индивидуалните квалитети”, изјави селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.
ФОТО: Игор Паневски
