Договорот за заедничко купување на гас од САД , од страна на ЕУ не бил постигнат лесно, рече францускиот претседател Макрон. Според него постоел јаз меѓу државите од северот и југот на ЕУ за тоа како да се намалат трошоците за енергија, зголемени со руската инвазија на Украина.
-
Значи имавме проблем со цената, поврзана со нашата зависност и со пазарот на гас , кој е под притисок и целата работа беше да ги усогласиме овие 2 цели. Дефиниравме неколку инструменти. Прво се ставивме себе си во позиција да имаме заедничка политика за складирање за претстојната зима преку дефинирање начини и сретства за усогласување на нашите интереси. Потоа Комисијата доби мандат да користи неколку регулаторни и пазарни инструменти за ограничување на цените. Но, според мене најсуштествен елемент за кој се договоривме е Комисијата да има мандат за заедничко купување. Токму тоа го направивме, рече францускиот претседател Макорн.
Вклучувањето на Македонија во Платформата за заедничко купување течен природен гас од САД, ќе значи бенефит за нас, велат експертите. Според енергетскиот консултант Митко Андреески тоа ќе значи промена на досегашната 10 годишна практика на купување течен гас само од руски „ Гаспром“.
За нас како земја и мал корисник на природен гас тоа ќе значи бенефит. Во смисла, под исти услови и по иста цена кога ќе имате природен гас со развиените земји Германија, Франција , со земјите од ЕУ, вие дефинитивно дека ќе можете да бидете поконкурентни на пазарите, на глобалните пазари, вели Митко Андреески- енергетски консултант
Вклучувањето во заедничката енергетска политика на ЕУ ќе биде корисна за државата, вели Андреески.
- Во однос на цената , треба да се направи анализа на 10 годишната цена која што сме ја добивале до сега. Со заедничката енергетска политика на ЕУ, ние ќе имаме поприфатлива цена, во просек иста како другите земји на ЕУ. Пред се за нас е добро да влеземе во таква Платформа и во еден таков проект. Останува исто дека ние ќе можеме да купуваме и од „ Гаспром“ и од други , алтернативни извори за купување природен гас, вели Андреевски.
Учеството на земјава во Платформата за заедничка набавка на течен гас од САД ќе значи делумно ослободување од рускиот гас и стабилизирање на глобалниот енергетски пазар додека трае војната во Украина велат во соопштение од Генералниот секретаријат на Владата.
- Благодарение на оваа стратегија за справување со последиците од војната и енергетската криза , Северна Македонија станува дел од оваа Платформа на ЕУ за заедничко купување течен природен гас од САД, за да се ослободиме делумно од зависноста од руски гас.
Платформата за заедничко купување течен гас од Америка, е дел од вчерашните заклучоци на Европскиот Совет во Брисел, донесени по состанокот на лидерите на ЕУ со американскиот претседател Бајден, како одговор на воената агресија на Русија врз Украина. Договорената испорака од 15 милијарди кубни метри течен природен гас од САД до крајот на годината покрива само 7,7 % од вкупниот годишен увоз од Русија. Најавено е дека во наредните години тие количини треба да се зголемат до околу 50 милијарди кубни метри. Па , Европа ќе мора да набавува гас и од алтернативни извори.
Според Андреески сега е јасно зошто е добро вклучувањето на Македонија во регионалниот проект „ Александропулос“, кој треба да почне со работа во 2023/24 година.
Откажувањето на ЕУ од рускиот гас, вицепремиерот Александар Новак го оцени како апокалиптично сценарио, објаснувајќи дека нивната испорака е 200 милијарди кубни течен гас , а Европа троши 500 милјарди кубни метри, што е удел од скоро 60%, кој тешко дека ќе биде заменет во следниве 5 години.
Сотир Трајков
