Русија моментално е комплетно суспендирана од светскиот и европскиот фудбал поради воената инвазија на Украина, но и покрај тоа планира да испрати кандидатура да биде домаќин на Европското првенство во 2028 или 2032 година.
Федерацијата вели дека последниот состанок на извршниот комитет донела одлука да покаже интерес за организација на континенталниот собир. Денеска јавно кандидатура за турнирот во 2028 година поднесоа Велика Британија и Република Ирска. Интерес за домаќин на Еуро има и од Турција, а шпекулациите се дека Бугарија, Романија, Грција и Србија исто така планираат заедничка кандидатура.
Русија последен пат беше домаќин на голем фудбалски турнир во 2018 година, кога го организираше Светското првенство. Моментално сите репрезентации и клубови на оваа земја се исфрлени од меѓународните натпреварувања.
Следното Европско првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија.
