Спорт Фудбал

Манчини: Не смееме да ја сфатиме Македонија „здраво за готово“

Селекторот на Италија, Роберто Манчини денеска имаше прес-конференција во пресрет на дуелот со Македонија. Тој не сака да ја потцени нашата репрезентација, но вели дека неговата репрезентација цели високо и не само што сака пласман на Светското првенство туку и да го освои турнирот во Катар.

Италија не се прослави во квалификациите и заврши на второто место во групата зад Швајцарија и тоа само неколку месеци откако го освои Европското првенство.

„Не смееме лесно да го сфатиме овој прв натпревар здраво за готово. Нема да биде лесно и во случај да победиме ќе имаме само четири дена да се подготвиме за финалето. Изградивме одлична база, имаме позитивна атмосфера и мораме да мислиме дека се ќе биде во ред. Пред нас се два тешки натпревари. Не смеевме да бидеме тука, но се случува некогаш да имате проблеми“, рече Манчини.

Поранешниот тренер на Интер и Манчестер сити вели дека целта на „аѕурите“ е да го освојат Светското првенство во Катар, што ќе се одржи кон крајот на оваа година.

„Нашата цел е да го освоиме Светското првенство, а за да го направиме тоа мораме да ги добиеме следните два натпревари. Секако дека сакаме да одиме на Мундијалот и да славиме“, додаде италијанскиот селектор.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе