Вести Економија Најважни

УЈП: 114 маркети казнети за два дена – наплаќале ДДВ за основните прехрамбени продукти

Секој петти трговец со храна каде што во последните два дена влегле во контрола даночните инспектори наместо 0 на потрошувачите им пресметувал 5 проценти ДДВ за основните прехрамбени производи. Од  611 контроли  во целата држава кај 114 маркети УЈП констатирала  неправилности и ги казнила. И покрај тоа што им остави рок до 17 март – тие се уште не ги прилагодиле фискалните каси на кои треба да стои  0 % ДДВ за основните прехрамбени продукти. Најмногу неправилности има во Тетово – кај секој втор контролиран маркет таму..

Инспекторите согласно направените контроли најмногу неправилности утврдија кај обврзници од Тетово, Струга, Скопје, Прилеп и Охрид. утврдени се неприлагодени фискални апарати кај трговци на млао со храна и пијалоци, со јајца, со месо и производи од месо во специјализирани продавници. Од 31 контролиран продажен објект во Тетово, кај 15 биле утврдени неправилности и тоа неиздавање и неусогласени фискални сметки. Од 28 контролирани објекти во Струга, кај 12 биле откриени неусогласени фискални сметки, изјави директорката Лукаревска.

Злоупотреби имало и кај ланци на големи маркети. Кај еден – имало неправилности речиси во сите маркети низ земјава. Дури имало и закани кон вработените дека тие ќе бидат казнети.

Лукаревска признава дека имало случаи каде што трговците одат со пресметан ризик, имаат поголем профит од казната, која ако ја платат во рок од 8 денови се преполовува – но апелира до нив да покажат свест во услови на криза и да  не прават злоупотреби на грбот на граѓаните. Ги повикува и граѓаните да ги проверуваат фискалните сметки и да пријават ако им се наплатува ДДВ за основните прехрамбени продукти.

Кај големите маркети имаме утврдено огромен број на неправилности во делот на непочитување на оваа одредба и тоа во повеќе градови. Дури кај еден голеем маркет скоро во сите негови деловни единици е утрдена одредена неправилност. Во делот на глобите за самостојните вршители на дејност глобата е до 500 евра а за правните лица до 1.000 евра согласно нели колку  има остварени приходи во претходната година, број на вработени дали претходно бил казнуван или не тоа е во делот на даночното поведение, рече лукаревска.

Засилените контроли на УЈП ќе продолжат и наредните денови -заедно и со пазарните инспектори кои пак треба да ги санционираат маркетите кои иако е 0 % ДДВ-то за лебот, брашното ТИП 400, јајцата, млекото, шеќерот, месото, оризот и маслото за јадење се уште не ги снижиле цените за 5 проценти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе