Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ потврди дека во продолжението од сезоната ќе настапи на турнирот од Мастерс серијата што ќе се одржи во Монте Карло.
Откако српскиот тенисер ги пропушта првите два турнир од серијата во Индијан Велс и Мајами, тој може да учествува во Монте Карло бидејќи за разлика од американската турнеја тој во Франција може да влезе и да настапува со доказ за прележан Ковид-19.
Турнирот во Монте Карло ќе се одржи во периодот од 10 до 17 април и за него тоа ќе биде втор настап во текот на оваа година.
