Спорт Топ вести Фудбал

Челси официјално на продажба: Абрамович ќе ги донира парите за Украина

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович вечерва и официјално потврди дека клубот оди на продажба по последните случувања и притисокот од јавноста во Велика Британија. Профитот од продажбата Русинот ќе го донира во хуманитарни цели за помош на Украина.

Абрамович го купи клубот во 2003 година за 150 милиони евра, а сега ќе бара 3,6 милијарди за продажба на истиот. Под негово водство „сините“ станаа еден од најмоќните европски клубови и освоија 21 трофеј. Сега тој е приморан да го прoдаде клубот поради инвазијата на Русија во Украина.

„Поради актуелната ситуација донесов одлука да го продадам Челси, бидејќи верувам дека овој чекор е во најдобар интерес на клубот, навивачите, вработените, како и спонзорите“, рече рускиот милијардер во соопштението.

Тој најави дека целиот профит од продажбата на Челси ќе оди во хуманитарни цели за помош на Украина.

„Ова никогаш не го гледав како бизнис или за пари, туку поради чиста пасија кон фудбалот и клубот. Им наредив на моите луѓе да формираат хуманитарна организација, каде целиот профит од продажбата ќе биде дониран. Оваа фондација ќе биде наменета за помош на жртвите од војната во Украина“, додаде Абрамович.

Според шпекулациите во англиските медиуми, веќе има четири понуди за купување на премиерлигашот. Абрамович планира целосно да се повлече од Велика Британија по силниот притисок за санцкии од политичарите во оваа земја. Тој на продажба го ставил и целиот свој имот во Британија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Протест пред Финансии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе