Вардар по втор пат загуби сезонава од Нексе во СЕХА-лигата овој пат со 28-25. Заморот ги стигна „црвено-црните“ кои во средата играа натпревар од Лигата на шампиони на гости кај Монпелје.
Нашиот шампион одигра очајно прво полувреме во кое имаше и негатива од шест голови. Направи дури 12 грешки, па затоа негативата од 15-12 на паузата и не делуваше така страшно. Вардар одигра нешто подобро во вториот дел, па во 47.минута по една серија од 3-0 дојде на негатива од само еден гол или 20-19, но немаше сили да направи целосен пресврт. Повторно беа кобни грешките во нападот па Нексе успеа да дојде до победа од 28-25.
Куни Моралес со седум голови беше најефикасен кај Вардар, а Мартин Томовски имаше осум интервенции на голот. Кај Нексе најмногу се истакна Халил Јагањац со седум голови.