о првите осминафинални дуели во Лигата на шампионите Ливерпул како гостин го совлада Интер со 2:0 додека Баерн во последната минута се спаси од пораз во соочувањето со Салцбург и успеа да сигне до нерешен резултат 1:1.
Мохамед Салах беше стрелец на вториот погодок за Ливерпул и за него ова беше осми последователен гостински натпревар во кој успеа да се запише во листата на стрелците. Египќанецот до крајот на сезоната ќе се обиде да го собори рекордот на Кристијано Роналдо кој 12 пати по ред постигнал гол на гостувањата во пред една деценија.
Баерн успеа да се извлече на гостувањето во Австрија и по овој дуел ја продолжи низата од 22 последователни меча во кои како гостин не ја почувствувал горчината на поразот. Последен пат Баварците на гостувањата се поразени пред пет години кога во Париз се совладани од Пари Сен Жермен со 3:0.
