Пратениците од БЕСА им пренеле на ВМРО ДПМНЕ дека за нив е неприфатливо да има една изборна единица.
За какви било измени на Изборниот законик неопходен е консензус на сите политички партии.
Дебата може да се отвори но епилогот ќе биде неизвесен.
Алијанса на Албанците се залага за 8 изборни единици колку што има економски зони, додека ДУИ и БЕСА сметаат дека доколку се променат изборните правила тогаш најприфатливо решение би било три изборни единици.
Разговорите ќе продолжат и утре.
Малите партии, потписнички на измените бараат да се отвори комисиска расправа во наредните 15 дена. За висината на изборниот праг ќе се земат предвид компаративните искуства од земјите членки на ЕУ и ќе се утврди кој модел е најсоодветен за нашата држава.
СДСМ се сомнева во вистинските намери на ВМРО ДПМНЕ и останува на тврдењето дека за промена на изборните правила потребен е консензус на четирите најголеми политички партии што во моментов го нема.
И од Владата се на став дека за ова прашање треба да се формираат работни групи кои ќе го дадат конечниот збор и дефинираат изборниот модел.
Јулијана Пешевска
