Вести Свет

НОРАД со сателити го “следи” патувањето на Дедо Мраз

НОРАД, американската воена агенција која го брани небото над Северна Америка, продолжува со својата традиција за следење на божикното патување на Дедо Мраз со кое ги разделува подароците ширум светот и покрај пандемијата Ковид-19.

НОРАД им овозможи на американците но и луѓетот од целиот свет да го следат глобалното патување на Дедо Мраз преку вебсајтот норадсанта точка орг, социјалните медиуми , како и мобилната телефонска апликација.

Исто така ангажирани се и стотици волонтери кои одговараат на телефонските повици од децата кои сакаат да знаат каде се наоѓа Дедо Мраз и кога може да го очекуваат својот подарок.

Меѓу нив беа и американскиот претседател Џо Бајден и првата дама на САД, Џил Бајден.

Празничната традиција на НОРАД за следење на Дедо Мраз започната 1955-тата година кога едно дете по грешка за јавило во воена команда во државата Колорадо, која следела знаци за можен нуклеарен напад, и побарало да зборува со Дедо Мраз.

“Топлината од носот на Рудолф остава инфрацрвени белези кои може да ги следиме со нашите сателити и може да знаеме кога тој полетува и да го следиме во текот на летот низ светот. Потоа, кога тој ќе дојде во Северна Америка, го поздравуваме со нашите борбени авиони, му велиме: “Здраво, мило ни е дека те гледаме повторно годинава”. И тој продолжува по својот пат и ги дели подароците” – изјави Престон Шлахтер, раководителот на програмата на НОРАД за следење на Дедо Мраз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еден од најбараните американски бегалци Мојзес Теџада уапсен во Ватикан

Дејан Дејан

Притвор за зетот на Заев и разрешување на стечајниот управник на неговата фирма – барање на адвокати на австриска фирма која побарува над 4 милиони евра

Дејан Дејан

Овошје и зеленчук, реновирање, авионски карти со најголемо поскапување, зејтинот, мастите и природниот гас најмногу поевтиниле-Што ја скрои годишната инфлација од 4%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе