Вести Македонија Најважни

Нема греење за македонските паралелки во “Кирил Пејчиновиќ” – се потрошила нафтата

Празни и ладни училници затекнавме во двата објекта на „стара медицина“ во Тетово, каде учат македонските паралелки на Гимназијата Кирил Пејчиновиќ. Учениците сега следат настава од дома, затоа што во училиште немаат греење.

Проблемот се појавил минатиот вторник кога ја напуштиле наставата, за потоа истата да биде префрлена онлајн.

Од раководството на Гимназијата велат дека само во овие објекти нема греење затоа што нафтата се потрошила, поради тоа што во нив во попладневните часови учат и паралелки од Спортската академија и очекуваат нови количини.

Но, ако се знаело дека има поголема потрошувачка на нафта, зошто не била предходно обебедена, одговори не добивме ниту од Општина.

“Нафтата била потрошена предвреме, оти еден од објектите каде се следи настава на македонски јазик во попладневните часови го користи Спортската академија, тие се тука веќе 5 години. Ние нарачавме нафта, но можеби доцни, затоа што од компанијата каде што треба да ни ја донесат нафтата, имаат многу нарачки и најверојатно не можат да постигнат” – соопшти раководството на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Инаку средношколците кои следат настава на македонски јазик со години учат надвор од матичната Гимназија Кирил Пејчиновиќ, поради немање просторни услови.

Досега добиваа само ветувања за изградба на нова училишна зграда покрај гимназијата или прилагодување на постојни објекти за и тие конечно да добијат училиште соодветно за гимназиско образование.

Данијела Петковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

(видео)Арсовска – Еден месец по почетокот, Универзална се запали, треба да ни биде јасно зошто

Дејан Дејан

Вархеји: Следната Европска Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки во текот на годината

Дејан Дејан

(видео)Сеад Џигал во Топ Тема: Проблем имаме со недоволно развиена политичка култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе