Вести Економија Топ вести

Неработна недела, повисока минимална плата и к-15 за сите побараа работниците на протест

Знамиња и транспаренти во вредните раце на работниците денес се развиорија низ центарот на Скопје. Со симболика во недела – ден кој работниците бараат со закон да биде прогласен за неработен, гласно ги кажаа своите барања и ги исвиркаа политиките од кои не се задоволни. А, листата со барања не е долга – освен недела неработен ден, работниците побараа и повисока минимална плата, како и регрес за годишен одмор односно к-15 за секого.

Сакаме јасно да им кажеме дека еве, ние сме тука и повеќе од 61 на број, и дека по вторпат не можат да не изигруваат за законското решение „недела неработен ден“. 92% од работниците денес требаше да одмараат, а останатите 8% да земат минимум зголемена дневница од 50%, вели  Дарко Димовски – Претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

 

Без сигурен работник, без задоволен работник, без добро платен работник не може економијата да оди напред и државата не може да се движи напред, Игор Герасов – Претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР)

А, додека работниците свиркаа, аплаудираа, извикуваа и маршираа – во Собранието беше повикан претседателот на Сојузот на синдикатите, повторно како и многупати досега да им ги каже барањата на претставниците на владејачкото мнозинство. Добил ветување дека законот за недела неработен ден ќе се изгласа најдоцна до крајот на следната недела.

Ќе важи од први јануари, а сите останати ќе одмараме, ќе се посветиме на нашите семејства и ќе си имаме еден социјален мир, вели  Дарко Димовски – Претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. 

Од ССМ порачаа дека ќе се водат разговори за да се издејствува и законско решение за зголемување на минималната плата барем до јануари 2022 година, а во меѓувреме од Владата се очекува реакција за сите работници да добијат к-15.

 Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе