Триесет и три годишниот Тајсон Фјури и во вториот дуел успеа да го совлада Дионтеј Вајлдер и да ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во верзијата на WBC.
Фјури до новиот триумф над Вајлдер стигна со нокаут во 11-тата рунда и стигна до 31-та победа во 32 меч во професионалната кариера.
Почетокот на дуелот му припадна на Вајлдер кој беше поагресивен, но веќе од третата рунда Фјури успеа да воспостави рамнотежа, но судијата во рингот беше принуден да му брои на Американецот кој за прв пат во мечот се најде во нокдаун.
Сепак кога се очекуваше пресврт и доминација на Фјури, Вајлдер повторно возврати и веќе во четвртата Британецот на два пати се најде на подот, но тоа беше се што предизвикувачот успеа да направи.
Во деветтата рунда мечот беше за момент прекинат, а медицинската екипа поради оток над окото мораше да утврди дали Вајлдер е способен да ја продолжи борбата.
Во десеттата Вајлдер по серија аперкати и крошеа повторно беше во нокдаун, а веќе во следната тој се нјде на подот по што судијата дефинитивно го прекина мечот.
По мечот Фјури најави атак на обединувањето на титулите и да биде првиот апсолутен шампион во тешка категорија во 21. век, подвиг кој последен успеал да го постигне неговиот сонародник Ленокс Луис.
За обединувањето на титулите Фјури ќе мора да го почека епилогот на реванш дуелот меѓу Александар Усик и Ентони Џошуа.
