Ракомет Спорт

Савевски: Спојот на младост и искуство наш најголем адут

Македонската женска ракометна репрезентација ги одржува завршните подготовки пред настапот на ЕХФ купот каде ќе се соочиме со вториот домаќин на континенталното првенство, Црна Гора.

“Во овие три дена имавме подготовки со помладите репрезентативки кои летово играа за Македонија, како и неколку кои играат во домашното првенство. Се гледа напредок кај сите, но сè уште е рано да се зборува за што и како ќе биде. Ова е нова репрезентација, се обидувам да направам склоп на искуство и младост. Се надевам ќе успееме, но потребна е макотрпна работа. Девојките од домашната лига и не се во некоја завидна физичка подготвеност, направивме неколку тестови кои покажуваат дека општата состојба не е во најдобра ситуација. Се трудиме заедно со Ракометната федерација, во наредниот период секоја седмица ќе правиме собири за да работиме и да правиме пресек и сериозни подготовки. Без тоа, не можеме да очекуваме голем успех”, изјави Савевски

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ е закажан за в четврток во 20.15 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе