Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас очекува тежок натпревар против дефанзивно ориентираниот противник, Лихтенштајн.
Трите бода ќе ја вратат самодовербата во тимот и секако ќе ја остават Македонија во игра за второто место во групата и пласман во баражот за Светското првенство во Катар 2022 година.
„Мора да победиме за да останеме во игра за Светското првенство. Се надевам дека ќе се вратиме со три бода. Треба да го одиграме тоа што селекторот ќе го побара од нас. Ќе се обидеме да ја подобриме реализација, но и некои други детали во играта. Лихтенштајн игра дефанзивен фудбал, компактни се и ќе биде тежок натпревар, потоа Германија ќе биде уште потежок, но наше е да одиграме тоа што знаеме, умееме и се надевам дека од двата натпревари ќе добиеме максимум што е можно“, изјави Елмас.
