Вести Економија

„Газпром” од денеска почна со испорака на гас за Унгарија, заобиколувајќи ја Украина

„Гаспром“ од денеска почна да испорачува гас за Унгарија преку гасоводот „Балкански тек“, во согласност со договорот потпишан на 27-ми септември.

Будимпешта и „Газпром“ пред неколку дена го потпишаа договорот за снабдување со гас, заобиколувајќи ја Украина. Договорот предвидува до крајот на 2036 година, Унгарија да добие 4,5 милијарди кубни метри гас од „Газпром“ преку „Турски тек“ и системот за пренос на гас од Југоисточна Европа. Од нив, 3,5 милијарди кубни метри ќе дојдат преку Србија и една милијарда преку Австрија.

Ова предизвика реакција на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој договорот го опиша како удар за односите меѓу Киев и Будимпешта.

Шефот на украинскиот систем за пренос на гас, Сергеј Макогон, предупреди дека од ова треба да се очекува значително да го намали или целосно да го прекине транзитот на гас во Унгарија.

Украина изјави дека има намера да побара од Европската комисија да провери дали договорот е во согласност со европското законодавство за енергија. Будимпешта беше категорична дека реакцијата на Киев е мешање во внатрешните работи на Унгарија.

Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, чекорите што ги презема Будимпешта се со интенцијата „домовите на Унгарците да бидат топли во зима“, и дека договорот нема врска со никакви меѓувладини и заеднички комисии.

Снабдувањето на земјата со гориво е прашање на економија и национална безбедност, а не политика, нагласи тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе