Спорт Фудбал

Барселона се “распаѓа”, a има четири репрезентативци, Реал без повикан фудбалер

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике го објави списокот на фудбалери за претстојните завршни натпревари од Лигата на нации што ќе се одржат од шести до10 октомври во Милано и Торино.

Предводникот на националниот тим се реши да му даде шанса на играчот на Барселона, Гави кој со 17 години и 62 дена е најмладиот член на Црвената фурија надминувајќи го рекордот на Анхел Зубиета кој во 1936-тата дебитирал со 17 години и 284 дена.

Интересен е и податокот дека на списокот има уште тројца играчи на Барселона која во последниве денови бележи катастрофални резултати, а во селекцијата нема ниту еден играч на мадридски Реал.

Шпанија е дел од завршниот турнир во Лигата на нации каде во полуфиналето на шести октомври ќе се соочи со Италија, а ден подоцна на програмата е дуелот меѓу Белгија и Франција.

Финалето ќе се игра на 10 следниот месец на Сан Сиро во Милано со почеток од 20 часот и 45 минути, а од 15 на програмата е дуелот за третото место што ќе се игра во Торино.

 

СПИСОК НА ФУДБАЛЕРИ

Голмани: Унаи Симон (Атлетик Билбао), Давид Де хеа (Манчестер Јунајтед), Роберт Санчез (Брајтон)

Одбрана: Сезар Азпиликуета (Челзи), Педро Поро (Спортинг Лисабон), Ерик Гарсија (Барселона), Ејмерик Лапорт (Манчестер Сити), Ињиго Мартинез (Атлетик Билбао), Пау Торес (Вилјареал), Серхио Регуилон (Тотенхем), Маркос Алонсо (Челзи)

Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона), Родриго (Манчестер Сити), Педри (барселона), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Коке (Атлетико Мадрид), Гави (Барселона)

Напад: Феран Торес (Манчестер Сити), Пабло Сарабија (Спортинг Лисабон), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад), Пабло Форналс (Вест Хем), Маркос Љоренте (Атлетико Мадрид), Јереми Пино (Вилјареал)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе