Вести Економија

Црна листа на снабдувачи со електрична енергија

Пет фирми кои ги снабдуваат домашните компании на слободниот пазар со електрична енергија до крајот на неделава ќе се најдат на црната листа на Регулаторна. Комисијата ќе поведе прекршочни постапки за нив, а ќе покрене и постапка за одземање на нивните лиценци. Поради високиот скок на цените на светските берзи, снабдувачите почнале да ги раскинуваат пред време договорите со домашните компании, а се обидувале и да фактурираат по нови цени.

Помош од Регулаторна побарале десетина компании. Бислимоски вели тоа што ќе ги објавуваат нивните имиња на Црна листа е со цел да ги предупредат компаниите кои снабдувачи не го исполнуваат договореното. Вели дека разбира дека и снабдувачите имаат проблем, бидејќи бугарските компании им ги раскинале договорите поради енормниот скок на цената на струјата на берзите, но вели мора да го почитуваат договореното.

Првиот човек на Регулаторна уверува дека цената за домаќинствата останува стабилна, бидејќи е регулирана. А во момнетов се активни 13 снабдувачи за потрошувачите на слободниот пазар.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе