Економија

Раст од 13,1 на БДП во вториот квартал од годинава

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46 отсто; Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4  и Ѕ – Информации и комуникации од 5,7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје номинално се зголеми за 14,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе