Економија

Горивата поскапи од половина до еден денар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за еден денар за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 0,5 денари за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 72 денара, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63,5, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,824 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 37,843 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени во изминатиот седум дена на светските берзи во просек за 3,506 отсто кај бензинот и за 3,108 отсто кај дизелот, како и  за 0,724 отсто понискиот курс денарот во однос на доларот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата предлага меѓу членовите на Регулаторна да се врати професорот Атанаско Туневски

Дејан Дејан

Агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ плус со стабилен изглед

Дејан Дејан

Регулаторната гилотина се покажа како грешка па затоа се подготвуваат измени во Законот за угостителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе