Одбојка Спорт

Одбојкарите имаа сили за само еден сет против Финска

Македонската одбојкарска репрезентација стартуваше со пораз на Европското првенство и тоа од домаќинот на групата Финска. Историјата се повтори од пред две години во Љубљана, кога исто така во првото коло на дебитантскиот континентален турнир загубивме од истата селекција.

Финска славеше со 3-1 во сетови и покажа дека моментално е поквалитетна репрезентација користејќи ги сите наши осцилации во играта. Иако почнавме добро во првиот сет и имавме водство од 6-10, на крајот загубивме со 25-20. Во вториот сет одигравме очајно, па Финците не декласираа со 10 разлика или 25-15. Во третиот сет, конечно проработе нашата игра и успеавме да намалиме со 24-26. Иако имаше силен отпор од избраниците на селекторот Душко Николиќ, сепак Финска го доби следниот сет со 25-22 за да запише стартна победа на турнирот пред домашната публика во Тампере.

Никола Ѓорѓиев очекувано беше најдобар во нашиот тим со 19 освоени поени, додека Александар Љафтов имаше еден помалку.

Во второто коло на овој турнир ќе играме со Холандија  на 3 септември, на петти ќе ги одмериме силите со турција, а следниот ден и со Шпанија. Во последното коло на 8 септември не очекува и најголемиот предизвик против актуелниот олимписки вицешампион Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе