Спорт Фудбал

Дебаклот од Словачка го засени пласманот во главните квалификации за СП 2023

Македонската кошаркарска репрезентација загуби убедливо од Словачка со 16 поени разлика, но се пласираше во главните квалификации за Светското првенство во 2023 година.

Момците на селекторот Драган Бајиќ вечерва во последното коло комплетно потфрлија. Веројатно опуштени од фактот дека можеа да си дозволат и пораз од 27 поени, но несериозноста можеше скапо да не` чини.

Вечерва во „Јане Сандански“ ништо не функционираше во нашиот тим. Одбраната комплетно потфрли, како и скок-играта, па Словаците го полнеа нашиот кош без никакви проблеми. Единствената наша светла точка беше шутот за три поени, бидејќи да не беа десетте постигнати тројки од 28 обиди можеби и ќе се простевме од пласманот во следната фаза.

Одигравме ужасна трета четвртина кога Словачка направи убедлива предност која постојано беше двоцифрена. Во последниот период веќе и сериозно почнавме да стравуваме, бидејќи ривалот дојде и до водство од 21 поен. Словаците бркаа убедлива победа за тие да си го обезбедат местото во главните квалификации и успеаја во тоа со победата од 72-88 или 16 поени разлика колку што им беше потребно да ја престигнат Швајцарија.

Кристијан Николов со 17 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека 16 додаде Адем Мекиќ. Двоцифрен ефект имаа и Бојан Крстевски и Џејкоб Вајли со 15, односно 14 поени.

На конечната табела сите три репрезентации имаат еднаков ефект од две победи и два порази. Македонија е прва поради најдобрата кош-разлика, а Словачка втора и ќе продолжи во следната фаза заедно со нашата селекција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе