Со олимпискиот медал на градите, таеквондистот Дејан Георгиевски, предмалку слета во Скопје. На аеродромот го пречекаа стотина фанови, пријатели и роднини кои со прегратки му ги честитаа историскиот успех.
Георгиевски го освои среброто на олимписките игри во Токио во категоријата до 80 килограми а во финалето во рамнопрвана борба загуби од Русинот Владислав Ларин.
Официјалниот пречек на македонскиот олимписки вицешапион е вечерва на Плоштадот Македонија во Скопје.
Георгиевски го постигна досега најдобриот резултат во историјата на македонскиот спoрт на Олимпијадите и е вториот олипиец кој од осамостојувањето освои медал по Могамед Ибрагимов во Сидеј 2000 година во борење.
