Економија Најважни

ДСКС  во понеделник ќе го оспори пред Уставен законот за автопатите- Бочварски вели имаме план „Б“

Антикорупциска  во понеделник ќе ја достави пред Уставните судии Иницијативата со која го оспоруваат специјалниот Закон за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10. Ќе бараат и времена мерка – да се стопира примената на законот кој веќе е објавен во Службен весник, се додека Судот не донесе одлука. Во него видоа висок ризик од корупција и судир на интереси, кажаа и дека е противуставен и е правен преседан бидејќи за стратешкиот партнер кој го одбра Владата – конзорциумот Бехтел и Енка нема да важи домашното законодавство.

„Веднаш по стапување на сила на законот, Антикорупциска ќе ја достави иницијативата до Уставен суд. Имајќи во предвид дека законот е објавен во Службен весник на 16 јули значи дека по 8 дена како што пишува во крајните одредби ќе стапи во сила, тоа е некаде околу 24 јули, а 24 јули е сабота, што значи дека ние во понеделник ќе ја доставиме Иницијативата. Така што она што го споменавме на пресот, ги кажавме одредбите кои што за нас се спорни ќе бидат содржани нормално и во иницијативата“ – Билјана Ивановска, претсеедателка на ДКСК.

Ниту пратениците ниту претседателот Пендаровски не ги послушаа апелите на Антикорупциска – едните да не го донесат, а претседателот да не го потпише Указот. Пратениците експресно и сложно по скратена постапка го изгласаа во Собранието. А Претседателот без да го слушне мислењето  на Антикорупциска веднаш го потпиша. Доволно за него беше што Законот е донесен без глас против од ниту еден пратеник или пратеничка група.

Владата пак по секоја цена е решена да ги гради автопатите. Министерот Бочварски вели имаме план „Б“ доколку законот биде оспорен пред Уставен. Детали не открива, но вели ќе постапуваат по него кога тој ќе стапи на сила.

„Ние како влада секако имаме разработено варијатни за отпочнување и изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10Д, така што нашиот приоритет нашата клучна цел е да имаме модерни и безбедни патишта. Секако дека ние доколку овој закон стапи на сила, а имаме најави дека веќе ќе биде потпишан од Претседателот на државата, ние ќе постапуваме по него, но секој кој што смета дека треба да покрене некоја инцијатива може да го направи тоа зашто ова е демократска држава“ – рече  Бочварски.

Законот  во понеделник официјално веќе е во сила и може да се подготвува теренот за старт на преговори во четири очи со Бехтел и Енка. Но останува неизвесно дали и што ќе промени одлуката на Уставните судии.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе