Најважни Спорт Фудбал

Фудбалот не се врати дома: Италија на пенали ја совлада Англија (ВИДЕО)

Италија ја совлада Англија на пенали со 3-2 на пенали во финалето на Европското првенство на „Вембли“ во Лондон, откако натпреварот заврши со 1-1 по 90, односно 120 минути.

Џанлуиџи Донарума беше херој на „аѕурите“, кој успеа да одбрани два пенали на Џејдон Санчо и на Букајо Сака во петтата серија.

Натпреварот стартуваше бомбастично за домашната селекција, бидејќи во 2.минута, Лук Шо погоди со волеј по одличниот центаршут на Киран Трипие.

Италија потоа доминираше на „Вембли“, а Леонардо Бонучи го постигна израмнувачкиот погодок во 67.минута од натпреварот.

Во пенал-рулетот, Белоти не реализираше за Италија во втората серија откако Доменико Берарди погоди, а кај Англичаните прецизни беа Кејн и Мегваер. Потоа „Гордиот албион“ не погоди во последните три пенали, а не реализираа Рашфорд, Санчо и Сака, додека Бонучи и Бернардески беа прецизно, но не и Жоржињо.

За Италија ова е втора европска титула во својата историја, а прва по 1968 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Мицкоски: Постои опција и за промена на ресори меѓу владините партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе