Никаде во светот не се работи на градилиште од 7 до 15 часот, а за изградба на инфраструктура не може да биде законски нормалното работно време кај нас од 40 часа неделно.
Ова е одговорот на вицепремиерот Фатмир Битиќи на прашањето зошто на стратешкиот инвеститор Бехтел и Енка преку специјален закон во собрание му се дава право работниците на автопатите од коридорите 8 и 10 да ги ангажира 60 часа неделно.
Битиќи вели дека законот е само рамка во која се даваат можности, а конечниот договор и деталите ќе се прецизираат кога договорот ќе го потпише владата.
Вчера реагираше сојузот на синдикатите и побара да биде избришан спорниот член 12 од специјалниот закон, со кој на инвеститорот му се дава право работниците за изградба на автопатите да ги ангажира 60 часа неделно.
