Економија Топ вести

Отказ за 100 работници во штипска „Баргала“

Поради кршење на работен ред и дисциплина 100 работници од штипската фабрика „Баргала“ добија отказни решенија. Вработените пред десетина дена имаа протест, си ги бараат двете плати, а пред четири дена им пристигнаа и отказни решенија, бараа заштита и од локалната власт, а денес  почнаа со поднесување на приговори.

Сојузот на синдикати најави дека отказите на работниците од штипска „Баргала“ ќе се најдат пред обвинителството.

Менаџерот на штипска Баргала, Наум Барзов вели дека отказите не се поврзани со протестот, за обвинувањата на синдикатот и на работниците не може да одговори, оти не ги знае деталите. Смета дека синдикатот не им ја  објаснил на работниците до крај правната постапка.

Тие немаа најавено штрајк, туку организираа протест, што е нивно законско право. Тие имаат право да ги користат сите правни механизими. Но, по протестот беа повикани да се вратат на работа. Работниците тоа не го направија и бидејќи три дена последователно не се јавија на работа, според Законот за работни односи им врачивме отказ“, вели Наум Баразов менаџер на АД Баргала-Штип

Кристина Ампева од  Гласен текстилец е децидна дека мора да се смени и основот за отказот бидејќи на овој начин, работниците ги губат сите права што им следуваат во случај на невработеност. Според неа урнек  треба да им е  пресудата на Основен суд Штип во која е наложено да се смени основот на отказот за една од двете работнички што пред неколку месеци добија отказ од „Баргала“.

Викторија Димитрова Јованова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Амандманот не се прифаќа – повторуваше министерот за правда Филков и одби 50 предлози на опозицијата за судските закони

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Димитриеска-Кочоска: Буџетскиот дефицит ќе се зголеми но за прв пат поради капитални инвестиции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе