Македонија

Села: ДУИ има само една потреба, да замине во опозиција

ДУИ не наметнува теми на секои избори, туку на тој начин се обидуваат да прикријат реалноста и да избегаат од одговорноста, тврди лидерот на Алијанса, Зијадин Села, во гостувањето на Топ Тема. Откако ДУИ се ребрендираше во зелена партија, Села обвинува дека тие се најголемите виновници за уништувањето на животната средина. Вели дека иако на некој начин со ребрендирањето признаваат вина, но сепак ветуваат дека ќе ги решат проблемите.

Нема да станат зелена партија, тоа им е привремено, за локалните избори за да манипулираат со македонските гласачи. За парламентарните манипулираат со албанските гласачи. Нема да го решат тоа. ДУИ има само една потреба, да замине во опозиција и малку да го тргне товарот од криминалот и корупцијата, вели Села.

Не сака да верува дека Левица, со блокадата на законот за државјанство, исполнува туѓи интереси. Иако и неговата партија има искуство со блокади на собранието, сепак вели дека тоа треба да биде последниот чекор.

Не се чувствувам горд со тоа што сум блокирал, тоа не е забрането, но не е добар пример за парламентарна демократија. Ние не го создадовме овој феномен, не би сакале во оваа ситуација, со самото тоа што Левица блокираше и ние да го блокираме Собранието. Ако имаме инфомрации дека зад оваа иницијатива навистина стои власта, ние ќе го блокираме Собранието, вели Села.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Наумовски во „Вин-Вин“: Претседателската кампања во сенка на лидерите на политичките партии

Дејан Дејан

Притвор за зетот на Заев и разрешување на стечајниот управник на неговата фирма – барање на адвокати на австриска фирма која побарува над 4 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе