Македонија

Пописот се одложува за септември, локалните избори за втората половина на октомври

Пописот кој требаше да започне задутре, се одложува за септември. Тоа го договорија премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба.

Се согласивме дека откако процесот на имунизација на население и попишувачите, што е многу важно, ќе се случи пописот. И затоа се договоривме истиот да биде одложен, наместо сега во месец април, како што е планиран, да се одложи за месец септември, како можен период да биде од 5 до 30 септември. Апликацјата преку која што се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот а локалните избори наместо во првата половина на октомври, да бидат одложени во втората половина на октомври, изјави по средбата Мицкоски.

Заев истакна дека со ова се отвора можност за дијаспората да може да се попише до 30 септември и упати со сите членови во дијаспората да ја искористат оваа прилика.

Упатувам порака до граѓаните дома, ова е важна статистичка операција. Сега ја имаме и најголемата опозициска партија овде. Верувам со тоа ќе се согласат и албанските опозициски партии, испраќам порака до Левица, до сите граѓани да се попишат. Дијаспората почна да се попишува и ред е да се верификуваат досегашните податоци и даваме континуитет до 30 септември, рече Заев и додаде дека физичкото попишување е поризично и затоа дале простор за помасовна имунизација на населението па физичко попишување.

Заев нагласи дека во пописот се попишуваат сите граѓани кои имаат македонско државјанство и истакна дека нема да може да се попише оној кој нема македонско државјанство.

Додаде дека кампањата за локалните избори ќе почне по 30 септември, со цел во втората половина на октомври да се одржи првиот изборен, а во ноември вториот.

На средбата двајцата лидери разговарале за измени на Изборниот законик, на дневен ред на Собрание утре ќе биде прашањето за терминалите за отисок од прст.

Да ги охрабриме групите во Парламентот кои разговараат за измените на изборниот модел, отворени листи, избор на градоначалник во прв круг, гласањето на дијаспората надвор од ДКП-ата, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, рече Мицкоски по средбата.

Тој истакна дека во однос на работата во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи работи заедно со парламентарното мнзинство на сите закони, кои се однесуваат на реформската агенда, стопанство, економијата и пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стејт департмент: САД цврсто посветени на Преспанскиот договор

Дејан Дејан

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе