Вести Македонија

Нови рестриктивни мерки бара Лекарската комора

Воведување на дополнителни рестриктивни мерки за да се намали ударот од новиот бран на корона вирусот побара денеска Лекарската комора на Македонија. Брзиот раст на бројот на заболени, но и исто толку брзото пополнување на болничките капацитети, се причината лекарите преку Комората да побараат од Комисијата за заразни болести сериозно да ја разгледа можноста за нови рестрикции.

„Свесни сме за фактот дека овие мерки се крајно непопуларни, но во интерес на одржливост на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје, како здравствени професионалци, сметаме дека нивното воведување е повеќе од потребно“, стопи во соопштението од ЛКМ.

Од Комората притоа бараат и граѓаните да ја сфатат сериозноста на ситуацијата од ширење на коронавирусот, при што наведуваат дека во неполни три недели од март заболеле нови 4.450 лица, што е за 50 проценти повеќе отколку бројот на заболени на 28 февруари, што пак го зголемува и бројот на лица кои завршуваат во болниците.

Во последното деноноќие само во Скопје на болничко лекување се примени 71 лице и утрово во главниот град имало само уште 40 слободни кревети. На ниво на целата држава слободни се уште 290 кревети, а од компликации од коронавирус се лекуваат 1.193 лица.

Построги мерки за да не колабира здравствениот систем побара и епидемиологот д-р Драган Даниловски кој во Топ Тема изјави дека нема доволно време да се види полициски час каков ефект би дал.

„Сметам дека ваквите мерки, дури и краткотрајни, вели Даниловски, ќе го намалат брзиот раст на бројките на новозаболени.

И додека лекарската фела отворено бара засилување на мерките, Комисијата за заразни болести тоа го остави за понеделник, чекајќи ги резултатите од воведениот полициски час, а не ги открива ни можните сценарија за воведување на нови рестрикции. Од Министерството за здравство за Телма велат дека и тие не ги знаеле мерките за кои размислува Комисијата.

„Министерството до овој момент од Комисијата за заразни болести не добило препораки за нови мерки или предлози за евентуални сценарија во насока на рестрикции кои Министерот треба да ги предложи на Влада“, стои во одговорот од Министерството за Телма

Засега кои мерки би се вовеле знае по се изгледа само претседателот на Комисијата д-р Жарко Караџовски кој и денеска за Телма не сакаше да открие кои мерки се планираат упатувајќи на одговорот кој го даде и вчера на истото прашање.

„Ви реков, бројките кажуваат се за актуелната состојба. Ја во глава имам сценарио А, Б, Ц, Д“, изјави Караџовски.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерка за заштита на градот – туристите од денеска ќе плаќаат пет евра за влез во Венеција

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценове бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе