Македонија Топ вести

По пожарот во Гостивар – безбедено сместување на трите деца, мајката приведена

Во врска со трагичниот случај во Гостивар, во кој, при пожар во стан животот го загуби малолетно дете, Министерството за труд и социјална политика известува дека Центарот за социјална работа – Гостивар во соработка со СОС Детско село, обезбедил соодветно сместување и услови за живот за останатите три деца, кои останаа без својот дом.

„Стручните лица од Центарот за социјална работа – Гостивар се во постојан контакт со децата од ова семејство. Обезбедена им е целосна психосоцијална помош и поддршка. Од разговорите на стручните лица кои што се постојано со децата, утврдено е дека врз децата нема траги од било каков вид на насилство и истите се во добра психо-физичка состојба“, велат до министерството.

Констатирано е дека едно од децата редовно посетувало училиште, а останатите се во предучилишна возраст.

ЦСР Гостивар во соработка со ЦСР Ресен работат на прибирање на потребните податоци со цел обезбедување на документи за лична идентификација на две од децата.

Мајката на детето, кое врзано во синџири загина во вчерашниот пожар е во полициска станица и во текот на денот треба да биде изведена пред судија на предходна постапка, таа е под сомнение за кривично дело „повреда на семејни обврски“ според член 203 став 2 од Кривичниот закон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе