Да се најде политичка волја и Македонија и Бугарија да се подготват за преговори на разум, а не на емоции за да се надминат разликите. Ова премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, му го пренел како порака на македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, на средбата која ја имале утрово на софискиот аеродром, од каде Османи отпатува во посета на Швајцарија и Шпанија. Борисов во негов стил неформалната средба ја овековечи со видео снимка и кратки изјави и со објава на фејсбук прифилот во која освен потребата двете земји да ги решат меѓусебните недоразбирања, напиша и дека хероите кои си го дале животот за слободата не можат да се темата која ги раделува двете земји.
Османи пак преку кратко соопштение објавено од Министрството за надворшени работи информираше за средбата, во кое се потенцира дека добрососедските односи се државен приоритет на земјава, за што Македонија останува цврсто на имплемнтација на Договоро за пријателство со Бугарија.
