Вести Македонија

Собранието се уште во блокада

Собранието останува под блокада. На редовната понеделничка координативна средба кај спикерот Талат Џафери, партиските претставници констатирале дека е неопходно да се најде решение, но не успеале да го најдат.

Меѓу законите кои ќе бидат блокирани е и Законот за лична карта. Верзијата предложена од БЕСА, која предвидува впишување на етничката припадност, веќе е „замрзната“ со илјада и 200 амандмани. Утре на матичната Комисија за политички систем треба да се разгледува друга верзија на овој закон, поднесена од МВР. Со неа, се предвидува измена на името на државата со додавката „северна“ и важност на сегашните лични карти до 12 февруари 2024. Втората измена е усогласување со Законот за јазици и водењето обрасци на седумте јазици споменати во Уставот. Алијанса-Алтернатива најавува филибастеринг.

Пратениците од оваа пратеничка група веќе поднесоа седум илјади амандмани на други закони. Ќе блокираат се заради законот за државјанство. Реџепи најавува отстапки, па и во делот кој предизвика најмногу реакции – државјанство да се добива со изјава на тројца сведоци.

Утре Собранието ќе биде на уште еден тест. Заменик претседателот на Комисијата за политички систем, Мартин Костовски, се надева дека ќе има кворум за разгледување на предлогот од МВР, додека пленумот ќе се обиде да ја заврши расправата за седницата почната пред безмалку 3 месеци. Гласањето мора да чека барем уште една недела, да оздрават и излезат од изолација сите пратеници од мнозинството. Најмалку 130 закони чекаат кворум.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе