Забава Свет

Објавени номинациите за Оскар – “Менк” на Финчер со 10 можни награди

Започнува трката за Оскар!  Пријанка Чопра Џонас и Ник Џонас ги објавија номинациите на Американската Академија за филмски уметности и науки во 23 категории.

Биографската драма „Менк“ на режисерот Дејвид Финчер по сценарио кое го напишал неговиот татко Џек Финчер, освои 10 номинации. „Менк“, снимен во црно бела техника, како омаж на 30-те години на 20-от век, ја раскажува приказната за сценаристот Херман Џеј Манкиевич и создавањето на сценариото за филмот „Граѓанинот Кејн“. Ова остварување е номинирано за најдобар филм, заедно со Татко, Јуда и црниот Месија, Минари, Земја на номадите, Млада жена што ветува, Звукот на металот и Судењето на Чикаго 7.

За најдобра режија номинирани се Томас Винтерберг, Дејвид Финчер, Ли Ајсак Чанг и првпат во историјата 2 жени, Клои Жао за Земја на номадите и Емералд Фенел за Млада жена што ветува.

Драмата „Ма Рејни мајка на блузот“ за исклучителната блуз пејачка Ма Рејни,им донесе актерски номинации на Вајола Дејвис и постхумно на Чедвик Боузман.

За актерскиот Оскар ќе се борат и Френсис Мекдорманд, за  „Земја на номади“ во режија и по сценарио на Клое Жао,  интимен портрет на жена која откако ќе изгуби се`, започнува патешествие по Американскиот Запад, Ендра Деј за „САД против Били Холидеј“ во режија на Ли Даниелс, биографски филм за славната џез пејачка Били Холидеј, како и Ванеса Кирби и Кери Малиган.

Покрај Чедвик Боузман, за најдобар актер номинирани се Риз Ахмед, Сер Ентони Хопкинс, Гери Олдман, Стивен Јан.

Приказната за геноцидот во Сребреница „Кво вадис, Аида?“ на режисерката Јасмила Жбаниќ и` донесе номинација на БиХ за странски филм, категорија во која силен кандидат е данскиот Уште една тура на Томас Винтерберг. Номинирани се и  Подобри денови од Хонг Конг, романскиот Колектив и тунискиот Човекот што си ја продаде кожата.

Академијата најавува гламурозно и возбудливо Оскаровско шоу со бројни филмски ѕвезди, но без публика во салата поради пандемијата. Најпрестижните филмски награди ќе бидат доделени на 25 април.

Миланка Рашиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Стотици заложници, најмногу жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе