Македонија Топ вести

Километарски колони на патот Скопје – Штип- заглавена е и Брзата помош

Десеткилометарски колони на патот Скопје – Штип, меѓу возилата заглавена е и Брзата помош.

Од АМСМ информираат дека гужвата настанала поради јавен собир сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кај местото Коњари, е во прекин. Граѓаните протестираат заради тамошната серарација, која според нив нелегално работи и црпи песок од реката Пчиња.

Од МВР за Телма велат дека протестот не е пријавен.

Случајот на површински ископ на песок и чакал меѓу селата Долно и Средно Коњари во Општина Петровец е во фокусот на медиумите, особено поради сплотеноста и жестоките реакции на локалното население кое се противи на тоа. Жителите со години испраќаат дописи до надлежните институции и масовно протестираат со барање да се укине концесијата, зашто стравуваат од поплави и загадување на подземните води. Бараа власта на највисоко ниво да се вклучи во одбрана на природните ресурси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе