Македонија Топ вести

Ѕвонко Давидовиќ: Обвинителството промаши

По бегството на Сашо Мијалков, обвинет за масовното прислушување во предметот „Таргет Тврдина“, за Топ Тема на Телма, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, смета дека одговорноста треба да се бара кај обвинителството кое побарало уште во петокот мерки за обезбедување на обвинетиот.

„Денес се префрла одговорноста како и многбу пати досега од еден на друг орган, но ако внумателни ги прочитате соопштенијата, а учествувате во кривичните предмети подолги години очигледно дека ќе ја лоцирате одговорноста кај обвинителството“, вели за Топ Тема на Телма адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

„Ако обвинителството во петокот дало завршни зборови, а дури во недела бара мерки за обезбедување на еден од обвинетите, јасно е дека промашиле и ненеавремно постапиле и не го обезбедиле истиот“, објасни Давидовиќ.

Тој вели дека е јасно дека МВР не може да постапи ако нема судско решение.

„Не може да разговараме за правна држава имаме закон за Кривична постапка и полицијата нема право да ограничи ничии права ниту слободата на движење ако нема судско решение“, вели Давидовиќ за Телма.

Давидовиќ е дециден: „Обвинителството е тоа кое му даде два дена можност на обвинетиот едноставно да го снема.“

Тој заклучи дека се потребни реформи во судството и во обвинителството.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Рускоска во изјава за телевизија „Сител“ вечерва негираше дека информацијата за притворот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков протекла од кај нив. „Не постои таква можност, затоа што првата информација која јас ја испратив до МВР ја пишував сама во кабинет во попладневните часови во сабота и немаше никој на работа освен мене. Вчера, во неделата, дојдоа само колегите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов веќе со изготвен предлог до судот за определување на мерка притвор така што освен нас тројца во неделата не знаеше никој. Апсолутно ја исклучувам можноста дека информацијата протекла од Обвинителството“, изјави Рускоска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе