Освен Фајзеровите 4680 вакцини од Србија, ,со кои започна имунизација, доволна за 2340 здравствени работници , во Македонија нема други количини, во моментот. Но, државата не сака да трупа залихи за да не се покажат неефикасни на новите соеви корона вирус. Вака министерот за здравство Филипче, ја објасни вчерашната изјава на премиерот Заев да не се доведеме во ситуација да имаме 3 милиони вакцини , а потребни се 2 милион.
- Можно е како ќе се развиваат различни соеви од вирусот , доколку се детектира дека сегашните вакцини за тие потенцијални соеви не се ефикасни, значи дека ќе се смени платформата и ќе има нови вакцини, во рамките на веќе тие 800 илјади дози преку Ковакс, кои што доаѓаат на разлино месечно ниво . Значи не сакаме да се доведеме во ситуација да имаме во еден временски период , многу краток , една огромна количина која сега е ефикасна, но на есен можеби или на крајот на годината , нема да биде ефикасна, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Заев и денеска повтори дека не сака Владата да троши повеќе од потребното. Според него биле нарачени толку вакцини колку што Комисијата за заштита од заразни болести сугерирала за да се постигне колективниот имунитет на населението.
- Сме потпишале договори, некаде сме платиле авансно или слично за да ги обезбедиме тие количини . Ако продолжиме да нарачуваме од „ Спутник“, следно е веројатно од „ Астра Зенека“, па нови количини од „ Фајзер“, па нови количини од „ Синофарм“, ќе се затекнеме да имаме 5 милиони вакцини во државата. Тоа е недозволиво заради рационалноста и наменското трошење на јавните пари, изјави премиерот Зоран Заев.
Иако беше најавено дека Владата се уште нема направено директен договор со Фајзер за набавка на вакцини.
- Директниот договор сеуште го очекуваме . Секој ден одговараме на некои дополнителни прашања . Разбирливо е зашто компаниите сакаат да се заштитат во делот на безбедноста, во делот на осгорувањето дека количината ќе биде наменета исклучиво за држвата , за која што е потпишан договорот, објасни министерот Филипче.
Во март ќе стигнат меѓу 20 и 30 илјади дози од „ Астра Зенека“ распоредени од Ковакс системот. Беа предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, а сега пристигаат само 35 %. Останатите треба да дојдат во вториот квартал од годината . Се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинескиот производител Синофарм, а за следната недела најавено е дека треба да стасаат 3320 вакцини од Србија која на Македонија и даде вкупно 8000 по набавна цена . Ова се вкупно за сега 383 000 вакцини за кои е потврдена нарачката од страна на производителите.
Сотир Трајков
