Поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков не создал злосторничка група, ниту го организирал нелегалното прислушкување заради кое е обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“ и затоа треба да биде ослободен од гонење. Ова тврдење неговите адвокати во завршните зборови го поткрепија со исказите на клучните сведоци и вештаци кои не успеале да докажат дека токму тој стоел зад прислушкувањето.
Мијалков доби можност за завршни зборови. Не ги искористи и се приклучи на неговата одбрана. Маратонското рочиште го отпочна поранешната минситерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која од судот побара ослободителна пресуда бидејќи не ги знаела намерите на тогашниот началник на петатата управа Горан Грујовски, кога побарал согласност за уништување на застарени системи за прислушкување. И таа е жртва со најмногу прислушкувани разгвори, вели Јанкуловска.
Јанкуловска, редот му го отстапи на поранешниот шеф на кабиентот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски кој како и останатите обвинети побара слобода од судот и прекин на постапката. Според него двата отпишани уреди немале еконмска вредност и морале да бидат уништени како што наложувале прописите во МВР.
Сашо Мијалков, Горан Грујевски како началник на петта управа, Гродана Јанкуловска, Тони Јакимовски од МВР, Никола Бошковски во бегство со Грујовски во Грција, и уште шестмина вработени во УБК треба да добијат максимални затворски казни, а нивната вина е докажана благодарејќи на сведоците Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски кои со години извлекувале докази и аудио снимки и ги предавале на нивниот поранешен шеф, а во 2015-тата партиски функционер на СДСМ, Зоран Верушевски, три дена претходно посочи обвинителката Ленче Ристовска во завршните зборови. Последниот збор ќе го има судот кога треба да ја соопшти пресудата закажана за 26 февруари.
Павле Беловски
