Македонија Топ вести

Несоодветно скратената програма и краткото време за подготовка – најголем проблем при наставата на далечина

Најголем проблем за учениците и наставниците при онлајн наставата се несоодветно скратените наставни програми поради кои се губело повеќе време во оваа, во однос на минатата учебна година. Таков одговор дале 55% од учениците и 87 % од наставниците од средните училишта, во анализата спроведена од Здружението „ Лидери за едукација“ и Фондацијата Конрад Аденауер. 67% од наставата одела преку Макрософт Тимс зашто Националната платформа е нефункционална, а во анализата се нотирани и случаи на загрозена безбедност на средношколците додека траела наставата на далечина.

Учениците и наставниците  од средните училишта повеќе трошеле време за наставата на далечина во првото полугодие од оваа, во однос на минатата учебна година. Вака се изјасниле 55% од средношколците и 87% од наставниците. Причина за тоа, се несоодветно скратените теми и часови, но и кусото време за подготовка, за прилагодената програма за настава на далечина.

  • Наставниците ги имаат добиено програмите на речиси една недела пред почетокот на учебната година со што многу малку имале време да се подготват. А, начинот на кој ги имаат добиено програмите и како тие се скратени се разликувал од предмет до предмет- Иван Јованов- Здружение„ Лидери за едукација, активизам и развој“.
  • Предавам Информатика. Таа беше скратена на начин, значи беа тргнати часовите за вежби, што е најнелогично.Не може само да им предаваме на децата , треба да имаме часови за повторување, за вежби и т.н. – Јелена Арсовска- професорка по информатика

Во оваа учебна година 67% од наставата се одвивала преку Мајкрософт тимс, за разлика од минатата, кога 61% од предавањата биле преку испраќање задачи и презентации. Само 9% од наставниците ја користеле Националната платформа заради техничките проблеми и нејзината нефункционалност.

Анализата нотира и случаи на загрозена безбедноста на учениците, на интернет.

  • Во 5% од случаите учениците или биле жртви, или биле сведоци на злоупотреба на лични податоци и тоа најмногу се случува во насока на фотографирање , на правење скрин шотови кои потоа се споделуваа во приватни групи- Иван Јованов-Здружение „ Лидери за едукација, активизам и развој.

Потребно е техничко подобрување на училиштата зашто 62 % од наставниците работеле од дома, вложувајќи сопствена опрема. А, неопходно е и воведување задолжителни обуки за дигитални вештини на наставниците зашто 11% од нив сеуште комуницираат со учениците , праќајќи им презентации и давајќи им инструкции преку меил, СМС пораки и Вајбер, покажа истражувањето на ЛЕАР и Конрад Аденауер.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе