Македонија Топ вести

Антикорупциска доби поголем простор, но чека софтверска врска со институциите

Антикорупциската ќе се проширува. По долги години чекање, ДКСК доби простор во зградата спроти МНР, антикорупционерите ќе го заземат местото зад и околу видео бимот на вториот, третиот и 4-от кат, со што значително е намален просторот внатре. Тука претходно било планирано да се пресели Факултетот за драмски уметности, но поради несоодветниот простор за школување на нови актери и режисери, драмски се откажал. На нивно место ќе се преселат антикорупционерите и ќе станат комшии со финансиската полиција и финансиското разузнавање. Подготовките за селење се почнати.

Одлуката е донесена на вчерашната седница, а владата по критиките што првично планираниот простор го даде на новото Министерство за политички систем, со задоцнување ја исполни задачата и потребата за поуспешна антикорупциска борба. Втор проблем е софтверот кој треба да ја поврзе ДКСК со 17 институции за проверка на имот на функционерите за да се увиди дали имотот им е соодветен на платите. Тендерот е распишан, но ќе треба време за ефикасна врска.

Она што недостасува во државата е и закон за потекло на имот- кој пратениците и функционерите успешно не го носат со години, а во недостаток на таков закон нема ефикасни мерки за да се утврди дали имотот на функционерите е стекнат законски или криминално и со корупција. За тој закон е разговарано на денешната средба на независните антикорупцинери со владиниот антикорупционер. Дополнителен проблем останува и што одлуките на ДКСК, фатените функционери ги обжалуваат на Управен суд каде главно губат антикорупциските одлуки. Овој управен упад во системот за антикорупциската борба се уште е активен и се користи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Наумовски во „Вин-Вин“: Претседателската кампања во сенка на лидерите на политичките партии

Дејан Дејан

Притвор за зетот на Заев и разрешување на стечајниот управник на неговата фирма – барање на адвокати на австриска фирма која побарува над 4 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе