Македонија Топ вести

Албанците обвинети во „Моќник“ бараат превод на предметот, никако да почне судењет против Милошоски

Никако да почне судењето против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошовски, неговиот татко, екс претседателот на комисијата за лустрација Томе Аџиев и уште десетмина обвинети во случајот моќник. На петтотот рочиште тројца од обвинетите албанци побараа цел предмет да им биде преведен на албански јазик. за да не се одолговлекува постапката обвинителката Фатиме Фетаи побара раздвојување на постапката за нив.

Пратеникот Антонио Милошевски и уште 12-мина обвинети седнаа на обвинителна клупа, но за кусо. Денешното рочиште од случајот Моќниќ траеше само колку тројца од обвинетите да побараат целиот предмет да биде преведен на нивниот мајчин – албански јазик. Шпенди Винца, Агим мехмети и Даут Даути побараа да им се преведат доказите. Го разбирале македонскиот јазик, некои д нив и делумно но сакаат да видат дали се спроведува законот.

Судијката Ленка Давиткова повика и преведувач и ги опомена дека ова го бараат после четири одложени рочишта повторно поради нивно барање.  На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи, за која ова е злоупотреба.

На обвинетиот Шпенци Винца сега му текна, по петти пат кога доаѓа на судење? Ова е класична злоупотреба на правата. И јас сум да се почитува законот за јазиците, ќе дојде преведувач и збор по збор ќе му го преведе обвинението. На следното рочиште може да го добие и на писмено – Фатиме Фетаи – обвинител.

Но поради инсистирањето сите претходни документи да се преведат сепак Фетаи најави дека ќе бара одвојување на постапката за овие тројца обвинети. Сите обвинети пак претходно мораше да ги кажат личните податоци за себе меѓу кои и тоа дали се осудувани. Меѓу нив и пратеникот Антонио Милошевски рече дека е неосудуван. Деновиве е актуелна аферата поврзана со документите кои ги објави А1 он а кои наводно покажуваат дека два пати бил осудуван. Тој пак демантираше. Сега е обвинет за измама и злоупотреба на службената положба. Според обвинението Милошовски вршел притисок за поништување на продажба на државно земјиште кое подоцна го купил неговиот татко. За измама обвиент е и татко му, поранешниот градоначалник на Македонски Брод Милосим Војнески но и екс претседателот на комисијата за лустрација Томе Аџиев.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе